Живко Поповски Цветин одбележува 30 години од првата изложба „Цвеќе на мирот“
Ликовниот уметник-аматер Живко Поповски Цветин годинава одбележува 30 години од мисијата на мирот со цвеќето.
Првата изложба „Цвеќе на мирот“ беше организирана на 10 октомври 1985 година во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, каде 160 слики од целата поставка ги подари за 160-те членки на Обединетите нации по повод 24 Октомври – Денот на Обединетите нации во соработка со Југословенската лига за мир. Оттогаш досега Поповски организирал над 300 изложби и подарил над 45.000 слики.
Неговите слики се наоѓаат на 14 доплатни поштенски марки и на над 50 насловни страни и илустрации на книги поезија, како и на поголем број изданија (календари, разгледници, честитки и сл.). На Струшките вечери на поезијата каде присуствувал на над 28 години подарил над 3.000 слики при што има добиено 750 факсимили со посвета од поети кои учествувале на Струшките вечери на поезијата.
Годинава со поддршка на Лајонс клубот Вардар започна проект 1001 метар цветна патека на мирот за Гинис. Нејзината реализација започна на 4 април (Цветници), а заврши на 5 август (за 120 дена) на роденденот на неговата мајка Цветанка. Сега во тек е процедурата за пријава во Гинис и натамошно проценување од страна на комисија за влез во Гинисовата книга на рекорди.
За првата изложба на Поповски Цветин, критичарот Тодор Мицов пред 30 години напиша дека тоа е изложба на минијатури, која носи универзална уметничка порака за мирот преку светот на цвеќето, како симбол на љубовта, младоста, мирот, порака за зближување и соработка на народите на земјината топка, за похуман свет во иднина.
Ново на Сител
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме