Живееше 40 години со волците и го предводеше чопорот
Постојат некои луѓе кои едноставно сакаат да живеат опасен живот. Неважно е дали е во прашање скокање од авион или патување во егзотични земји, некои луѓе едноставно не се грижат дали нивните одлуки се потенцијално опасни.
Вернер Фреунд е токму таков човек. Тој живееше свој живот работејќи нешто што и најхрабрите не би се обиделе, а неговата приказна е апсолутно фасцинанатна.
Вернер Фреунд живееше меѓу волците 40 години!
Многу луѓе смртно се плашат од волци...
...но Вернер се бори против предрасудите.
Волците Вернер го сметаат за член на чопорот. Тој ги почитува и тие го почитуваат него.
Тие дури и сакаат да си играат со него.
Вернер отиде и чекор понатаму и себеси се постави како алфа мажјак во чопорот. Тој беше главен!
Тој го водеше паркот на волците во Германија, место кое е дом на многу чопори сибирски, арктички, европски, канадски и монголски волци. Повеќето од нив Вернер ги чувал од бебиња.
Можеби делува чудно, но Вернер мораше да дојде до храна пред другите волци за да ја воспостави својата доминација како алфа.
Според волчешкиот инстинкт, тие не смејат да јадат пред алфата. Така Вернер им ја покажа својата доминација.
За жал Вернер почина во 2014 година од неизлечива болест. Неговата работа со волците е импресивна и ја продолжија други пасионирани љубители на природата и дивиот свет.
Ново на Сител
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови