Македонија
23. September 2015 - 20:38

Жителите на населбата Николиќ добија интернист

Жителите на Николиќ од денеска интернистичките прегледи ќе може да ги прават во нивното место на живеење. Министерот за здравство Никола Тодоров вчера вети, а денеска го реализираше ветеното. Специјалист по интерна медицина започна со работа во амбулантата во Николиќ. Интернистот во селото Николиќ ќе работи во рамки на проектот Наш специјалист и за почеток ќе врши прегледи два пати месечно со тенденција овој број во иднина  да се зголеми.

,, Ќе има значи интернистички прегледи два пати месечно по барање од граѓаните на Николиќ. Како што е ветено од министерот така и ќе биде, ќе се даде оглас и за општи лекар. Би требало да се вршат сите интернистички прегледи, а исто така ќе има и лаборант кој што ќе доаѓа два пати неделно ќе зема крв, крвта ќе се испитува и така ќе може да се вршат сите прегледи. Исто амбулантата во Стар Дојран работи 24 часа со  дежурна амбуланта, со покривање и брза помош и мислам дека целата околина на Дојран со селата ќе биде покриена.,, рече д- р Александра Ивановиќ

Како што беше ветено од денеска веќе е објавен и огласот за вработување на општи лекар кој треба да работи во амбулантата во Николиќ и да пружа здравствена заштита на месното население. Немањето лекар жителите на селото за време на вчерашната средба со министерот Тодоров го посочија  како еден од главните проблеми со кој се соочуваат веќе подолго време.