Жителите на Кисела Вода од денеска можат да аплицираат за субвенции за огревно дрво

Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денеска, во наредните пет дена жителите на Општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 1 април годинава, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри. Заедно со останатата потребна документација треба да се достави доказ - потврда, испратница или официјален документ кој го потврдува купувањето на дрва за огрев.
Како што соопшти Општина Кисела Вода, исплатата ќе се врѓи по прицнипот прводојден, првоусложен, се до исполнувањето на финансиските средства, обезбедени од Буџетот на Општината во висисна од 1.200 000, 000 денари.
Јавниот повик заедно со потребната документација е достапна на веб - страната на Општина Кисела Вода, на следниот линк: https://kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Oglas5434.pdf
Општина Кисела Вода потсетува дека и, покрај субвенциите за огревно дрво, обезбедува финансиска поддршка за печки за пелети, односно, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на Општината.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
