Свет
24. November 2016 - 9:04

Жителите изненадени - За првпат по над 50 години, падна снег во ноември

Жителите на Токио утринава се разбудија со ноемвриски снег, првпат за последните над 50 години, јавија американските медиуми.

Необично студената воздушна маса во јапонската престолнина донесе воден снег. Тротоарите и автомобилите во западните предградија на Токио утринава се заснежени, но бидејќи температурата на воздухот во градот е над нулата не се формираше трајна снежна покривка.

Метеоролози прогнозираат дека во градот ќе паднат до два сантиметри снег, додека во планините на северозапад од Токио внежите од снег ќе бидат пообилни.

Снегот предизвика мало забавување на утринските возови од и кон блиските населени места.

Последен пат во Токио паѓал снег во ноември во далечната 1962 година.