Македонија
27. December 2016 - 13:48

Жител на Студеничани направил пустош во три цркви

Педесетгодишниот С.А. од село Студеничани е осомничен дека ограбил три цркви во периодот од 8 до 13 месецов, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.

Полициската станица Ресен поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „тешка кражба“. 

Според МВР, пријавениот на 8 декември влегол насилно во црквата „Свети Јован Богослов“ во село Љубојно и одзел 50 денари. На 13 декември, пак,  насилно влегол и во црквите „Свети Петар и Павле“ во село Подмочани и „Свети Никола“ во село Рајца од каде одзел различни банкноти и монети.