Жител на Кочани доби 100 дневни глоби од по 20 евра за лажен ПЦР тест
Против 46-годишен жител на Кочани Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ односно лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус.
Јавно обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека на 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус.
– Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска, стои во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да бие определена на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина
-
Без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Решение за дефицитот на биолошка терапија за онколошките пациенти најавено за оваа недела
-
Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти
-
Променливо облачно со магла по котлините
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска