Жител на Калишта осомничен за шверц на дрога – пренесувал две торби со марихуана
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од струшко Калишта за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, на возраст од 46 години, на 8 декември на патниот правец Битола-Прилеп во неговото патничко моторно возило Ауди А3 неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога марихуана во количина од 53,066 килограми. Дрогата била спакувана во две патни торби, од кои во едната имало 30, а во другата 23 пакувања со наркотична дрога марихуана. Кога сообраќајната полиција му дала знак да застане, осомничениот не ја почитувал наредбата и со голема брзина се упатил кон Прилеп. Од полициски службеници бил пресретнат кај селото Тополчани и повторно му бил даден знак да застане, но тој не застанал туку продолжил да се движи со голема брзина. Кога со возилото стигнал во селото Штавица со голема брзина поминал низ центарот на селото и во местото викано Леништа го запрел возилото, излегол и во близина на патот ги исфрлил двете патни торби со наркотична дрога. Потоа влегол во возилото и повторно со голема брзина се упатил на патот кон Прилеп, па кога стигнал кај село Старо Лагово бил сопрен и контролиран од страна на службени лица на ОВР Прилеп.
Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка од Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да ги прикрие трагите од кривичното дело или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители