-->
-->
Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-->

Лице од струшкото село Франгово управувало моторно возило без положен возачки испит, возилото е одземано соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 10 часот и 45 минути полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишиле М.Д.(32) од селото Франгово.
- При контрола во сообраќајот извршена на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, било сопрено патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, кое М.Д. го управувал и притоа, било констатирано дека немал положено возачки испит со што го загрозил јавниот сообраќај, стои во соопштението.
По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
