Жител на Драчево обвинет дека дома држел дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Од ОЈО информираат дека обвинетиот на 17 мај во својот дом во Драчево држел кај себе опојна дрога-кокаин со вкупна нето маса од 2,06 грама, 33 таблети психотропна супстанција метилендексиметамфетамин и 6,8 грама канабис. Дрогата ја чувал скриена во плакар во соба од горниот кат на куќата. При претрес на домот од страна на овластени службени лица била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од наркотици.
Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетото лице претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на оваа мерка, се наведува во соопштението од ОЈО.
Ново на Сител
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
