Македонија
25. September 2018 - 16:13

Жидан: Институциите мора да ја почитуваат одлуката од референдумот

Македонија во секоја смисла припаѓа на европските народи, а ЕУ и НАТО се основни гаранти на безбедноста и стабилноста, затоа граѓните в недела нека ја искористат историската можност зрело, храбро и одговорно за иднината. Државните институции се должни да ја почитуваат одлуката на гражаните каква и да е. Претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан со порака за референдумот на 30 септември. 

- „Компромисот е тежок, но е нужен и верувам дека е добар. Секој компромис бара отстапки, но, доколку ни го носи она што е најважно тоа е од исклучителна важност за сите, па и за македонските државјани. Одлуката е важна за идните генерации во Македонија кои нема да го носат товарот на минатото. Државјаните секогаш носат права одлука. Се надевам и овој пат ќе биде така и државните институции ќе мора да ја имплементираат легитимната одлука на граѓаните“, изјави Жидан.

 Тој вели дека преспанскиот договор е добар бидејки го сочувава македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а во меѓународните организации земјата повеќе нема да биде поранешна југословенска република. Домаќинот Џафери рече дека дека ЕУ интеграциите ќе останат да бидат стратешки приоритет и на Собранието и на Владата.

- При успешното спроведување и заокружување на предвидените реформи од планот на Владата 369 се очекува натамошно спроведување на планот 18 за реформи во приоритетните области и македонското Собрание ќе даде свој особен придонес како и до сега, рече Џафери.

Жидан е уште еден гостин - странски дипломати и државници во земјава пред граѓанското изјаснување в недела.