-->
-->
Жетвата во Кумановско без проблеми и според предвидената динамика
-->

Непречено се одвива жетвата во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, собрани се 90 отсто од вкупно посените 8.713 хектари јачмен, ожнеани се половина од 12.820 хектари пченица, а земјоделците од трите општини целосно ги ожнеале и површинтие под овес, вкупно 901 хектар,
Проценките од терен велат дека условите за развој на есенските жита се поволни и се очекува подобар и поквалитетен принос во однос на претходните години.
- Досегашниот тек на жетвата се одвива без прекини, на нивите има доволно механизација и ако се оди според ова темпо се очекува жетвата да заврши наврме, изјави раководителот на Подрачната единица Насер Даути.
Приносот кај јачемнот е четири до 4,5 тони на хектар, додека кај пченицата од 3,5 до четири тони на хектар. Повисок е кај земјоделските претпријатија кои ги применуваат агротехничките мерки, до шест тони на хектар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
