Жестоки борби меѓу сириската армија и бунтовниците близу Дамаск
Жестоки борби избувнаа рано изутринава меѓу припадници на сириската армија и бунтовнички борци во долината Барада во близина на главниот град на Сирија, Дамаск.
Како што соопшти Сирискиот центар за мониторниг на човековите права, судирите во Барада, што се наоѓа на 15 километри северозападно од Дамаск, започнале само неколку часа по убиството на еден опозициски преговарач.
Станува збор за пензионираниот воен офицер Ахмад ал Гадбане, член на Високиот комитет за преговори на сириската опозиција, кој бил застрелан минатата ноќ од страна на засега неидентификувани вооружени мажи.
Според директорот на Сирискиот центар за мониторниг на човековите права, Рами Абдел Рахман, Гадбане бил убиен додека придружувал група работници кои требало да отстранат дефект.
И покрај прекинот на огнот меѓу владините сили и бунтовниците, што беше прогласен на 20 декември со посредство на Русија и Турција, во долината Барада во измнативе 25 дена често доаѓаше до повремени прекршување на примирјето.
При еден од овие судири, на почетокот на месецов, беше оштетен главниот водоводен систем кон Дамаск, поради што без вода останаа над пет милиони жители на сирискиот главен град и неговата околина.
Согласно одредбите од договорот за примирје, на 23 јануари во казахстанскиот главен град Астана треба да се одржат преговори меѓу сириските власти и бунтовниците посветени на ставањето крај на конфликтот во Сирија.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат