Жестока кавга во Сакраменто, Дивац го суспендира Кузинс!
Генералниот директор на НБА лигашот Сакраменто, Владе Дивац ја суспендираше првата ѕвезда на Кингси Демаркус Кузинс. Како што наведуваат американските медиуми по поразот на Сакраменто од Кливленд за малку да дојде до тепачка во соблекувалната на тимот, предизвикана од Кузинс.
Големата ѕвезда на “кралевите“ вербално го нападна тренерот Џорџ Карл бидејќи наводно не го заштитил кај судиите. Поголем инцидент се обидел да спречи Раџон Рондо меѓутоа судирот ескалирал, паднале и тешки зборови , гурање а севнале и неколку тупаници. Во тој момент во соблекувалната велгол Дивац кој одлучил да го суспендира Кузинс на еден меч со што ќе го пропушти дуелот со Орландо. Познато е дека тренерот и ѕвездата на Сакраменто се во конфликт од порано и најверојатно Кузинс ќе биде продаден ан крајот од сезоната за што веќе имаше и понуди во февруари, но Дивац ги одби. Кузинс оваа сезона има просек од 27,4 поени и 11,5 скокови по натпревар.
Ново на Сител
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи