Бизнис
10. December 2021 - 21:18

Жестока дебата меѓу опозицијата и власта за буџетот

За 30% зголемен бројот на административци споредено со 2018, зголемени плати за јавниот сектор без критериуми. Опозицијата обвинува во буџетот за догодина има пари за се, освен за борба со високите цени и инфлацијата и за намалување на сиромаштијата. 

Власта тврди дека буџетот за идната година е најразвоен досега и ќе обезбеди капитални прокети и подобар животен стандард на граѓаните. Сите показатели досега покажуваат дека земјата води добри економски политики.

Дебатата за буџетот за наредната година треба да заврши следната недела. Ова е најголемиот буџет досега според кој ќе бидат потрошени 4,4 милијарди евра, а треба да бидат собрани 3,8 милијарди.