Живот
8. February 2019 - 13:58

Жесток скандал го тресе кралското семејство: Овој човек тврди дека е син на Чарлс и Камила - Дијана се знаела за тајниот вонбрачен син

Австралијанецот Сајмон Дорант-Деј (52) тврди дека е бомбрачен  син на британскиот принц Чарлс (70) и неговата сопруга,  кои во тоа време биле љубовници, Камила Паркер - (71).
 
Сајмон, кој себе си се нарекува принц Сајмон, сака да направи ДНК анализа и да ја „заврши“ 40-годишната потрага. 
 
Дорант -Деј, чие средно име му е Чарлс, роден е во 1966 година .Ако тоа е вистина како што тврди , зачнат бил во 1966 година, кога Чарлс имал 17 години, а Камила 18. Оваа приказна ќе ја сруши верзијата на Чарлс и Камила за нивната љубовна приказна дека тие се запознале на поло натпревар во 1970 година. 
 
Го посвоила неговата баба Винфред, која работела за кралицата Елизабета и принцот Филип. Сајмон тврди дека често таа отворено му зборувала дека е син на Чарлс и Камила. 
 
- Тоа не ми го нагласуваше, туку отоврено ми кажуваше, вели тој.  Еден човек од палатата ми ја коментираше структурата на мојата вилица и рече дека е иста како на неговиот Величенствен. И косата ми била како на Камила. 
 
Сајмон. кој за севе се нарекува принцот Сајмон, сака да оди на ДНК анализа, и да ја заврши својата 40-годишна потрага. Во интервјуто за австралијанскиот магазин „New idea“, исто така тој е уверен доколку Дајана не загинела во сообраќајната несреќа светот ќе дознаел за него. 
 
- Верувам дека Дајна знаеше за мене и дека ќе ги сложеше сите коцки на мозикот. Мислам дека стигна до таа точка кога ги пронајде сите одговори за сопствениот живот, за тоа какво зло на неа и е направено и дека имала намера сето тоа да го објави, раскажува тој. 
 
Чарлс од бракот со принцезата Дајана ги има синовите Вилијам (36) и Хари, а Камила од бракот со Ендри Паркер го има синот Том(44) и ќерката Лори (41). 

Ново на Сител