Живот
20. January 2018 - 11:35

Женски атрибути кои несвесно ги привлекуваат мажите

Убавината е релативна и за вкусовите не се дискутира. Но, факт е дека мажите се визуелни суштества и кога ќе видат нешто привлечно, тие веднаш тргнуваат по тоа. Има некои фактори коишто го зафаќаат поширокиот спектар на сетилата кај мажот.

Вие можеби мислите дека сте седнале на обична пијачка со некое момче и никогаш не ви ни паднало на памет да размислувате за деца, но без ваше знаење, вие оддавате сигнали за вашата возраст, здравје и плодност, за коишто мажот е програмиран да ги бара во една жена.

Задникот

Студиите за човечкото однесување и човечката еволуција покажале дека мажите се биолошки програмирани да бидат привлечени кон 0,7 сооднос помеѓу половината и колковите кај женската популација. Тоа значи дека обемот на половината треба да е 70% од обемот на колковите. Со други зборови, мажите сакаат жени со поголем задник.

Има нешто во тој сооднос што многу им одговара на мажите. Жените порано носеле корсети за истенчување на половината, затоа што тоа ги правело попожелни во очите на мажите. Покрај ова, естрогенот и останатите женски хормони влијаат жените да имаат широки колкови и индицираат дека жената може безбедно да роди дете.

Насмевката

Голем дел од мажите не се забари, но сепак знаат што да бараат во насмевката на жената. Здравите заби, порамнувањето на истите, бојата на забите и се разбира колку често се смеат.

Никој не сака нерасположена личност која никогаш не се смее. Смеењето покажува дека сте пријателски расположени, топли и дружељубиви. Луѓето инстинктивно гледаат во устата кога разговараат еден со друг.

Мирисот

За мажите, мирисот кажува многу за генетскиот спој и здравјето на потенцијалната избраничка. Благодарение на оваа способност, мажите немаат потреба уште на првиот состанок да ја прашуваат жената дали има некои медицински проблеми.

Направени се голем број на студии во кои мажите и жените се замолени да мириснат маица на непознат човек, којашто била носена цел ден и да ја оценат според тоа колку им се допаѓа личноста со тој мирис. Има многу голема поврзаност помеѓу оценките од мирисот на маицата и атрактивноста на оној којшто ја носел.

6-zenski-atributi-koi-nesvesno-gi-privlekuvaat-mazite-01 (5).jpg

Градите

Биолошки, многу е чудно што луѓето се опседнати со женските гради. Мажите се единствените цицачи коишто се сексуално фасцинирани од градите.

Мажите се единствените суштества коишто ги сакаат женските гради, коишто ги галат, масираат или орално ги стимулираат градите за време на сексот.

Облините

Можеби не е баш само големината на женскиот задник она што го тера мажот да ја гледа жената додека таа поминува покрај него. Заобленоста на ’рбетот во долниот дел од грбот може да направи задникот да стои понапрчен и тоа под вистинскиот агол којшто мажите ги тера да мислат дека жената е неодолива.

Истражувањата покажале дека оваа кривина во комбинација со соодносот 0,7 помеѓу половината и колковите се смета за предност за време на бременоста и за време на породувањето, но мора да додадеме дека таа кривина не е нешто на кое може да се влијае. Сепак, фасцинантно е како ова може да биде нешто што ги привлекува мажите, без тие тоа да го знаат.

Очите

Вообичаено, има нешто во очите кога станува збор за мажите што бараат партнерка. Тоа може да биде нивниот сјај, големината на самите очи или големината на зениците. Истражувањата покажуваат дека големите очи во однос на лицето се сметаат за атрактивни кај жените. Затоа не може да ги обвините мажите кои се вљубуваат во жени со големи очи.

Вашите очи се добар индикатор за мажот да знае дали тој ви е привлечен вам. Зениците ќе се рашират доколу тој ви се допаѓа, а доколку тој го забележи ова, истото ќе му даде самодоверба да продолжи со разговорот.