Жените кои го гледале „Педесет нијанси потемно“ се посклони кон неверство

Едно неодамнешно истражување открива дека меѓу жените кои го гледале филмот „Педесет нијанси потемно“, постои поголема веројатноста дека ќе ги изневерат своите партнери, а причината е многу интересна.
- Со првото продолжение на еротската трилогија се зголеми интересот за груб секс и употреба на секс играчки меѓу женската популација. Со второто продолжение кај жените се зголеми интересот за дружење со друг маж, се наведува во резултатите од истражувањето, при што се додава дека „токму тоа инспирирало илјадници жени да извршат неверство“.
Според истражувањето, во првите денови на прикажување на филмот кој во кината стигна на 14 февруари, забележан е пораст на женски членови на онлајн страниците за запознавање оженети мажи и тоа за 33 отсто.
Но, тоа не е се. Голем број испитаници откриле дека секс сцените во филмот ги навеле на размислување „колку нивниот сексуален живот е здодевен, па дури и очаен“.
Токму тоа било една од главните причини зошто се одлучиле на неверство, стои во истражувањето.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
