Жените и девојчињата со попреченост повеќе трпат семејно насилство
Во Македонија стапката на семејно родово базирано насилство врз жени и девојчиња со попреченост е повисока од оние во останатите земји во регионот и ЕУ. Тие се поподложни на родово базирано семејно насилство. Недостигаат сервиси за поддршка, кои ќе бидат пристапни и достапни, со соодветен стручен кадар за овие лица, а потребно е и да се зголеми нивната информираност каде можат да го пријават насилството и кој може да им понуди помош и поддршка.
Ова се дел од ставовите на учесниците на панел дискусија „Жени и девојчиња со попреченост-потенцијални жртви на родово базирано насилство”, што денеска се одржа во Скопје.
- Податоците со кои располагаме ни покажуваат дека стапката на семејно насилство врз жени и девојчиња е многу повисока отколку во земјите во регионот и ЕУ. Но, добрата страна е дека го имаме лоцирано проблемот и знаеме што треба да се направи. Треба да се поттикне владеење на правото, да се охрабрат жените и девојчињата и да им се понудат соодветни сервиси за помош и поддршка, рече Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека во минатото многу малку се зборувало и било направено за прашањето за овој тип родово насилство и оти се работи овие состојби да се променат.
Тоа, вели, го налага и Истанбулската конвенција која предвидува дека сите сервиси, што ги дава државата за превенција, помош, поддршка и рехабилитација на лица кои претрпеле семејно насилство, треба да бидат пристапни и за лицата со различни виидови попреченост, специфично жени и девојки.
Претседателката на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Елена Димушевска вели дека специјализираните сервиси, освен што се малку на број, се неприлагодени на различните попречености со кои живеат жените и девојчињата, односно се непристапни, а професионалците кои работат и даваат психосоцијална помош и поддршка не се оспособени да дадат такви сервиси за жени и девојчиња кои имаат интелектуална попреченост.
Покрај промена во овој дел, рече таа, потребно е да се зголеми информираноста на овие лица за тоа каде можат да пријават насилство и да побараат помош. Дополнителна пречка за информираноста, додава, е и тоа што тие се живеат во социјална и општествена изолација. Проблем за малото пријавување, освен неинформираноста, е и тоа што наилството врз нив го вршат оние од кои тие се економски или физички зависни.
Претставничката на УНДП Луиза Витон вели дека е потребно да се постапува внимателно и да се преземат мерки затоа што во овој случај станува збор за двојна дискриминација.
Голем проблем, вели Винтон, се стереотипите според кои овие жени и девојчиња според кои, тие се неспособни да мислат, дека не можат да одлучуваат за себе... Тоа, смета Винтон, треба да се промени и овие жени и девојчиња да ги уживаат сите права како и останатите.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа