Македонија
3. August 2016 - 9:57

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Удово-Демир Капија

Едно лице загина утрово при судир на патничко моторно возило и автобус на магистралниот пат Удово-Демир Капија. Увидот на местото сеуште трае, а сообраќајот е во прекин во двата правца.

Како што информира Лиза Бендевска од МВР, сообраќајката се случила околу 7:20 часот кога „фиат сеиченто" со скопски регистарски ознаки удрил во автобусот. 

- На лице место е загината сопатничката од „фиатот“, соопшти Бендевска. 

Повеќе детали за сообраќајката ќе бидат соопштени во текот на денот.