-->
-->
Жена загина од удар од автобус кај Мислешево
-->
Жена го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потрврди незгодата, која според него, се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини удрил во жената која се движела на патот. Од ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на местото, а екипа на Итната помош од Струга само ја констатирала смртта.
Увид извршиле јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица - Струга, а истрагата треба да утврди под кои околности се случила незгодата.
Повеќе детали полицијата најави во текот на денот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот