Жена загина од лавина во ски-центар на косовската страна на Шар Планина

Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина
Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“.
Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели изјави за медиумите дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.
– На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години, се вели во изјавата на Весели за медиумите.
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
