Македонија
19. February 2021 - 20:20

Жена убиена во Струмица?

Безживотно тело на 67-годишна жена пронајдено вечерва во Струмица, сомневањата на истражните органи се дека станува збор за убиство, дознава Сител.

Телото на 67-годишната жена е пронајдено во куќа во строгиот Центар на Струмица, потточно помеѓу главната пошта и новата црква која е во изградба.

Постојат шпекулации и сомневања дека се работи за убиство, меѓутоа официјално за сега не постои потврда за ова од истражните органи.  

Полицијата информира дека кај нив е пријавен случајот, веднаш се постапило по што бил пронајден женски труп во куќата на улица „Балканска“ во Струмица. 

Случајот е потврден и од Јавното обвинителство, но повеќе детали не се познати, бидејќи увидот се уште трае.

Соседите велат дека ниту виделе, ниту слушнале за што конкретно се работи.

Полицијата најави информации по завршување на увидот.