Македонија
9. November 2016 - 13:44

Жена тешко повредена во судар на камион и автомобил кај Удово

Вчера околу 08.30 часот на клучка на подвозникот кај с.Удово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (58) од Струмица и патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.И. (59) од Демир Капија.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.С. (57) од Демир Капија, сопатничка во патничкото возило.
 
На истата и била укажана лекарска помош во Општа болница- Гевгелија, но поради серионоста на повредите била пренесена во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување.
 
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.