Македонија
21. November 2018 - 13:53

Жена прегазена вчера во Велес, возачот избегал од местото на несреќата

Прегазена жена на велешките улици,  возачот избегал од местото на несреќата.

Како што информираат од полицијата вчера околу 17 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило непозната марка со велешки регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрил во пешакот Б.К. (40) од Велес, која ја преминувал улицата.

По незгодата возачот го напуштил местото, а Б.К. била пренесена во Општа Болница – Велес каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.