Жена полуде поради Покемоните - Пукала со воздушна пушка кон по играчите кои трчале по улиците!
Планетарната манија по покемоните излуде една 29 годишна Канаѓанка, која за викендов пукала кон трагачите на јапонските видео - чудовишта во населената област на Торонто.
Сведоците велат дека жената се качила на кровот од куќата и со воздушна пушка пукала кон играчите, но за среќа, никого не повредила.
Локалната полиција соопштила дека жената не давала отпор при апсењето и дека е обвинета за поседување и напад со оружје, пренесува Ројтерс.
Секое од обвиненијата повлекува со себе максимална затворска казна од 10 години.
Виртуелно - реалната игра „Pokemon GO“ стана светски хит за кратко време, со што ја дуплираше вредноста на компанијата Нинтендо.
Користејќи ги мобилните телефони, играчите трагаат по покемоните кои се појавуваат во канцеларии, ресторани, по улиците, а поени се освојуваат со движење на прстите по екранот на мобилниот телефон.
Играта е причина за бројни сообраќајки, а минатата недела двајца Канаѓани несвесно илегално ја поминале границата со САД, трчајќи по чуодвиштата од мобилните телефони.
Ново на Сител
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан