Жена од Либија цела година ја шиела својата венчаница - Резултатот го остави интернетот во неверување!
Либанката Дана Воли Зајат не успеала да пронајде во продавниците венчаница која и се допаѓа, па решила да направи нешто сосема поразлично. Сама ја нацртала скицата од тоалетата која одговара на нејзината личност и се впуштила во процесот на изработка на венчаницата за која и требало цела година.
Секако резултатот е венчаница која буквално остава без здив.
Дана за соработка се обратила кај либанскиот бренд „Esposa“, чии луѓе излегле во пресрет и цели 365 дена работеле на венчаницата. Интересно е тоа што рачното шиење на бисерите и перлите траело два месеци.
Таа целиот процес го забележувала и го објавувала на Инстаграм, а кога венчаницата била готова - станала најголем моден хит на интернет.
Всушност, венчаницата на луѓето толку многу им се допаднала така што нејзиниот хаштаг #doonieandsamer станал прилично популарен и моментално има повеќе од 700 објави на Инстаграм!
Убавицата од Либан инаку покрај ова, во текот на венчавката имала уште два фустани, но ниту еден не може да се спореди со најубавата, богато украсена тоалета со елегантно деколте и долг вел.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак