Македонија
16. October 2016 - 14:18

Жена нападната и ограбена од тројца разбојници

Три непознати лица вчера околу 23.30 часот на ул.„В.Доганџиски“ во Штип извршиле разбојништво над А.А.(20) од Штип при што и одзеле женска чанта во која имало 400 денари, мобилен телефон, документи и други предмети.

Како што соопшти МВР, лицата и пришле на девојката од зад грб, ја фатиле во пределот на устата за да не може да вика, ја турнале на земја, по што и ја одзеле чантата и избегале во непознат правец.

СВР-Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичното дело.