Жена која останала неподвижна поради лекарска грешка, земала отштета од 740.000 евра
На жената која по рутинска операција останала неподвижна судот во Љубљана и доделил отштета од 740.000 евра, што досега е најголема отштета на љубљанскиот Универзитетски клинички центар, јавиле словенечките медиуми.
Пациентката во 2002 година, кога имала 38 години, по операцијата останала парализирана. Пред судот не успеала да докаже дека инвалидноста е последица на лекарската грешка до која дошло при спинална анестезија, како што тврдела во тужбата, ниту поради нестручната постапка при зафатот.
Судот утврдил дека болницата е одговорна за последиците, бидејќи лекарите воочи операцијата не ја предупредиле дека спиналната анестезија може да предизвика одземеност, пишува љубљанско „Дело".
Нејзе и била доделена отштета по 15 години и 11 различни судски одлуки.
Дел од високата отштета, која делумно ќе ја покрие осигурувањето, веќе е исплатен.
Против најголемата медицинска установа во Словенија од 2005. до 2014 година се поднесени 89 тужбeни барања од таков вид, пишува љубљанско „Дело".
Ново на Сител
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
