Свет
5. January 2019 - 15:19

Жена која била во кома 14 години родила бебе, властите ќе отворат истрага за сексуално злоставување

Жена, која е во кома речиси 14 години и во вегетативна состојба, престојува во хациендата “Health Care” во Феникс, Америка и родила бебе. Властите во Аризона покренале истрага за сексуално злоставување за да утврдат како жената во кома забременила.

Докторите тврдат дека бебето е родено на 29 декември и дека е во добра состојба. Еден извор наведе во медиумите дека никој од болничкиот персонал не бил свесен дека е бремена сè додека не се породила.

Како што ме известија, се слушнале некои гласови. Првично не знаеле што ѝ е, вели изворот.

Влезот во собата на новата мајка сега е ограничен и покрај тоа што ѝ е потребна постојана нега. Машките доктори кои треба да влезат во собите каде престојуваат женски пациенти мора да имаат придружба и да бидат под надзор.

Од “Health Care” одговориле дека сите прашања мора да му се упатат на генералниот директор на установата. Портпаролот наведе дека установата има извонредна репутација овозможувајќи им високо квалитетна и специјализирана нега на пациентите.