Македонија
1. July 2019 - 18:58

Жена касната од куче кое било во сопственост на соседот

Нов напад од куче во Скопје. Како што информираат од МВР,  денеска во 00:10 часoт во Полициската станица Тетово, 48-годишната Д.В. од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот на улица „Истра“ во Тетово била касната од куче во пределот на левата нога.

Кучето било сопственост на лицето М.Н.,  кој живее на улицата.

Се работи на расчистување на случајот.