Спорт плус
3. October 2015 - 17:18

Железарец во елитната рунда на Футсал купот на УЕФА

Македонскиот првак во футсал Железарец успеа да обезбеди пласман во елитната рунда на Футсал купот на УЕФА (налик на Лигата на шампионите). Железарец попладнево во решавачкиот натпревар за второто место во групата 4 што се игра во Братислава го победи шампионот на Финска Сиеви со 6:5. Ова беше втора победа за Железарец со што постигна одличен резултат. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека на осум минути пред крајот на дуелот Железарец губеше со 4:2.
Во следната рунда на натпреварување играат 16-те најдобри екипи во Европа.
На денешниот дуел со Сиеви стрелци за Железарец беа: Глигоров 2, Леовски, Мицевски, Крстевски и Тодоровски по 1. За Сиеви: Пакола постигна 3, а Триконен 2 гола.
Ждрепката за групите ќе биде одржана во Нион на 14 октомври. Во елитната рунда, ќе бидат формирани четири групи по четири екипи. Натпреварите ќе се играат од 10 до 15 ноември.