-->
-->
Железарец стар-нов шампион во футсал
-->

Со победа од 6:0 над Хедис, КМФ Железарец ја завери осмата титула во првата Футсал лига со 26 победи и само еден нерешен натпревар.
- Ова е втора титула за мене како тренер на Железарец. Сезоната беше долга и за играчите и за стручниот штаб. Прво ќе се одмориме и ќе видиме што ќе ни донесе ждребот на 8 јули во Нион. Откако ќе го видиме рангирањето на Железарец, кое ќе ја одреди позицијата, во вториот или третиот шешир, ќе започнеме со планирање на активностите за планирање на настапите во футсал Лигата на шампиони. Ќе одиме чекор по чекор, посакуваме можност за настап во фајнл фор. Минатата година стигнавме многу блиску, сите во клубот се надеваме дека ќе не послужи спортска среќа и дека оваа година ќе ја израдуваме целата македонска спортска јавност со настап меѓу најдобрите четри екипи во Европа, изјави тренерот на Железарец, Иван Божовиќ.
На 29 мај во Битола ќе се одигра и финалето на купот, кое ќе претставува своевидна реприза на минатогодишното, бидејќи повторно ќе се сретнат Железарец и Јувентус Серава.
Сакам да ја искористам оваа прилика да им посакам среќа на двете екипи - изјави Славе Крстев, претседател на футсал комисијата на ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
