-->
-->
Железарец е фаворит во групата
-->

Македонскиот првак во футсал Железарец од утре до сабота ќе биде домаќин на групата Ф во рамките на Футсал купот на УЕФА. Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“, а покрај првакот на Македонија настапуваат уште шампионите на Естонија (Аугур) и на Израел (Бен Гурион).
На денешната прес конференција тренерот на Железарец Иван Божовиќ изјави:
- Ние како Железарец ја прифаќаме улогата фаворит во оваа група и очекуваме со две победи и да избориме пласман во следната фаза од ова натпреварување, кое е всушност Лигата на шампионите во футсал. Во рамките на подготовките одигравме и неколку контролни дуели. Задоволен сум од формата, има некои проблеми, но се надевам дека ќе бидат надминати и корегирани. Сите играчи се добро подготвени и присутна е позитивна трема. Се надевам дека покрај добрите игри гледачите во салата ќе имаат можност да видат и атрактивни потези од нашата екипа. За конкурентите очекувам посериозен конкурент да ни биде Бен Гурион.
Голманот на Железарец Илчо Удовалиев истакна:
- Се освен пласман во следната фаза ќе биде разочарување и неуспех. Затоа ние ќе одиме на две победи и со поддршка од навивачите очекувам да прикажеме и добри игри.
Тренерот Божовиќ истакна дека во екипата одлично се вклопија и новите играчи Дарко Ранготов (повратник) и Бразилецот Даниел де Соуса.
Според програмата утре (27.август) ќе играат Железарец и Аугур, во петок (28.август) е дуелот Аугур – Бен Гурион и во сабота (29.август) се игра последниот натпревар од групата Железарец – Бен Гурион.
Почетокот на сите натпревари е во 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
