Жбогар: Не очекувам изненадувања во содржината на документот за преговарачката рамка
Преговарачката рамка за пристапување кон ЕУ се уште не е јавен документ. Тој ќе биде објавен откако ќе биде прифатен од земјите-членки на Унијата. Ова е нацрт-верзија на документот изработена од Еврокомисијата. Тој ќе биде сличен на документите за преговарачката рамка што беа изготвени за почетокот на проговорите како за Србија или за Црна Гора, и мислам дека во него нема да има никакви изненадувања, освен тоа што ќе содржи нови елементи согласно новата методологија. Тоа денеска од Охрид го истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој беше во работна посета на охридската локална самоуправа.
Одговарајќи на прашања на новинарите Жбогар појасни дека документот ќе ги содржи принципите на преговорите, целата суштина на преговорите и ќе го определи целиот претпристапен процес.
– Останува на германското претседавање со ЕУ и на државните-членки да го разгледаат документот, евентуално да ја усвојат преговарачката рамка. Веднаш штом биде усвоен истиот ќе биде објавен, следува да седнеме на маса и формално да ги отпочнеме пристапните преговори за членство на земјата, рче Жбогар.
Што се однесува на прашањето околу македонскиот јазик, евроамбасадорот истакна дека самиот документ изготвен од Европската комисија, предвидува содржината да биде преведена на македонски јазик.
– Но, сето тоа е предмет на дискусија на членките, така што се уште не можам да кажам се додека не се продискутира од нивна страна. Нивна ќе биде одлуката каква ќе биде финалната верзија на документот. Секоја евентуална промена на нацрт-документот мора да биде одобрена од самите држави-членки, рече евроамбасадорот.
Жбогар беше во Охрид за да ја изрази поддршката на Европската Унија на активностите што ги спроведува Општината за заштита на крајбрежјето од дивоградби и на принципот на владеење на правото.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња