Македонија
18. July 2019 - 16:48

Жбогар ги повика властите да направат нешто за Охрид да остане во УНЕСКО

Потребна е меѓусебна соработка помеѓу сите институциите за да се исполнат препораките на Унеско за Охрид смета евроамбасадорот Самуел Жбогар.Од 4 јули кога Унеско ја даде препораката па се до 1 февруари има време,но до овој момент нема никаков резултат на тоа поле.Според него потребна е нова енергија и нов начин за справување со овој проблем.

Евроамбасадорот потенцира дека вчера имал средба со неколку еко активисти кои изразиле загриженост  дали воопшто препораките ќе можат да се исполнат.

Професорот Талески  смета дека потребни се експерти кои ќе можат да придонесат во носењето правилни одлуки за заштита на градот.

Инаку во последниот извештај   на Унеско најголеми забелешки имаше во однос на неконтролираниот урбан развој ,несоодветната градба ,уништувањето на езерото и деградацијата на целиот еко систем.