Балкан
29. February 2016 - 15:38

Жално: Ова е 13-годишната Наде која беше прегазена на пешачки премин

Повеќе од стотина лица, ученици и граѓани на Србија излегоа денеска на улиците да протестираат против возачите кои возат без контрола и носат животи. ова следува по кобната несреќа во саботата кога беше прегазено 12-годишно девојче на пешачки премин во Блаце, по што возачот заминал од местото на несреќата како ништо да не се случило.

Се работи за 12-годишната Наде Богичевиќ која го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа. Нејзините родители ја чекале 15 години, а несовесен пијан возач кој летал на улицата, и го одзел животот, иако таа според сите правила си поминувала на пешачки премин.

Според неофицијалните податоци на српските медиуми, несреќното девојче го прегазил 21-годишниот Никола Б. 

Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот, но малото дете подлегнало на повредите.