ЖАЛНА ВЕСТ: Почина проф. д-р Димитар Стамболиев
Денеска изутрина, на 90 годишна возраст почина проф. д-р Димитар Стамболиев, еден од најзначајните стручњаци за развојот на машинската и електро-техничката индустрија во Македонија.
Професорот Стамболиев е еден од основачите на Електро, на Машинскиот и на Технолошко-металуршкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на 30 годишниот ангажман како универзитетски професор, предавал и на Техничкиот факултет на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и на Рударско-Геолошки факултет Штип.
По пензионирањето, ја основаше фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ преку која редовно се наградуваат и стипендираат најдобрите студенти на Машинскиот, на Електро-техничкиот и на Медицинскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 10-тина учебници од областа на машинството и на 20-тина научни-истражувачки трудови.
Во времето на индустрализација на Македонија, проф. д-р Стамболиев е првиот машински инженер ангажиран во сите развојни проекти на „Металскиот завод – Тито“ во Скопје.
Погребот ќе се одржи утре, (четврток) на градските гробишта во Бутел во 13.30 часот, а Машинскиот факултет при Uниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ следната недела ќе одржи комеморативна седници.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
