Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите

Дигиталните контроли на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле зголемување на даночно затајување во 2025 година, а просечната стапка изнесува 29,7 отсто, за 2,6 проценти повисока од 2024 година, додека пак на прво место се автосервисите, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците од ААДЕ, што ги објавуваат грчките медиуми, шест од десет сервиси за автомобили и мотоцикли (61 отсто) затајувале данок, а потоа следат секторот на копнен транспорт и транспорт преку цевководи со 58,1 проценти, дејностите за изнајмување со 56,2 отсто, здравствените услуги со 54 проценти и другите лични услуги со 50,3 отсто.
На пониско, се движат растителното и сточарското производство (40,8 отсто), трговијата на големо (33,9 проценти), угостителските објекти (32,4 отсто), туристичкото сместување (31,6 отсто), трговијата на мало (29,3 проценти), како и прехранбената индустрија (28,8 отсто).
Како што објави државната телевизија ЕРТ, минатата година биле спроведени 47.602 контроли низ целата земја, речиси двојно повеќе од годишната цел одредена на 25.400 контроли, а прекршоци биле откриени во 11.146 случаи.
МИА
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
