Македонија
9. August 2022 - 12:25

Зголемена потребата од негуватели во Струга

Зголемен интересот за негуватели на стари лица во струшко.Дваесет  негуватели се грижат за 50тина стари и изнемоштени лица а уште толку чекаат ваква помош се со цел да им се обезбеди достоинствен и квалитетен живот .Причина за ваквата појава е масовното иселување на младите поседниве години но и немањето на дом за згрижување .

Негувателите ги посетуваат лицата во зависност од потребите и се грижат за нив по неколку часа на ден. Предност  имаат најзагрозените кои живеат сами.

Потребата од изградба на Дом за згрижување на стари лица во Југозападниот регион неколку пати ја актуелизираше и Здружението на пензионерите кои сметаа дека ваква уставова, е неопходна.