Македонија
30. August 2015 - 11:16

Зголемена фреквенција на граничните премини

На граничните премини има зголемена фреквенција, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

- Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, се наведува во соопштението од АМСМ.