Зголемен извозот и увозот на стоки во јануари и февруари

Извозот и увозот на стоки во периодот јануари-февруари годинава бележат зголемување. Извозот е зголемен за 23,6 отсто, а увозот за 16,8 отсто во однос на истиот период лани.
Државниот завод за статистика денеска објави дека извозот во периодот јануари-февруари изнесувал 54.222.640 илјади денари, а вредноста на увезената стока 69.967.634 илјади денари.
Трговскиот дефицит изнесува 15.744.994 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 77,5 проценти.
Во извозот најголемо учество имат катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, како и деловите на седишта и облеката. Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и нејзините легури необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури.
Најголеми трговски партнери на Македонија и понатаму остануваат Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.
Ново на Сител
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
-

Собранието ја утврди потребата за носење неколку закони, меѓу нив измените на законите за возила и за безбедност на сообраќајот
-

Кривична против две лица од Велес, одзеле паричници со пари по што од банкарски картички подигнале 23.000 денари
-

Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји
-

Родители на загинатите во „Пулс“: Комеморацијата е задоцнета
-

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат
-

Христодулидис: Кипар е безбедна земја
