Зголемен интересот за вакцинирање во струмичкиот регион
Дневно во струмичко се вакцинираат околу 800 граѓани за разлика од преходно кога во просек се вакцинираа околу 500.
Тоа го потврдуваат од ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, од каде информираат дека е зголемен интересот за вакцинација во последните десет дена и тоа кај популацијата од 20 до 50 годишна возраст. Истовремено се одвива и теренската вакцинација во населените места и кај неподвижни граѓани.
-Апелираме до граѓаните кои не се вакцинирани да не се двоумат, да ја примат првата доза на вакцина, бидејќи гледаме дека клиничката слика кај вакцинираните кои се заболени е многу полесна за разлика од оние кои не се вакцинирани, а заболеле од Ковид- 19, велат од струмичкиот Здравствен дом.
Инаку, досега во Струмичкиот регион се вакцинирале над 35.500 граѓани. Од нив 15.500 ги примиле и двете дози, а 20.000 само една.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
