Зголемен интерес за студирање на Педагошкиот факултет
Со свечено доделување на индекси на 10 стипендисти, инторирање на химната, но и различни музички изведби се одржа и првиот академски час на Педагошкиот факултет во Скопје. Годинава има над 180 запишани студенти кои своите кариери ќе ги продолжат како одделенски наставници, воспитувачи во предучилишно образование или библиоткари.
Деканката на педагошкиот факултет, проф. Д-р Билјана Камчевска, вели интересот за овие професии расте, а тоа се забележува по зголемениот број на бруцоши оваа година.
Она што е специфично за овој факултет е тоа што студентите може да ги следат студиите на три јазици- македонски, албански и турски.
На три различни јазици, но со иста порака им се обратија и постарите студенти на бруцошоте. Да имаат среќен почеток во процесот преку кој ќе ја градат иднината на образованието.
Церемонијата ја заокружија и најмалите ученици од О.У. Јан Амос Коменски со своја изведба, кои ги предводеше наставничка која дипломирала токму на Педагошкиот факултет.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар