Бизнис
22. February 2016 - 19:53

Зголемен интерес за осигурување на посевите

За 60 отсто е зголемена премијата од земјоделското осигурување лани. Субвенциите што ги дава државата за оваа намена  го дават позитивниот ефект. Од осигурителниот сектор информираат дека расте интересот кај земјоделците да ги осигураат своите посеви. Велат дека најчесто проблеми се јавуваат со некомплетната документација на земјоделците. поради што брокерите не се активни  терен.

Од платежната агенција велат дека иако од година во година  бројот на баратели за субвенции за осигураните посеви се зголемува, интересот не е на задоволително ниво. Лани биле поднесени околу 4000 апликации.

Државата кофинансира 60 отсто од трошоците за полиса, но не повеќе од 150 000 денари по корисник. Годинава се обезбедени 70 милиони денари за оваа намена.