Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во март годинава е зголемен за 2,1 отсто во споредба со тој месец од минатата година, а во првите три месеци од 2016 година е поголем за 1,8 отсто отколку во истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во март 2016 во споредба со истиот месец лани бележи пораст од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 2,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,8 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците има пораст од 3,1 отсто кај Енергија, 4,3 проценти кај Интермедијарни производи, освен енергија, 18,2 кај Капитални производи и 0,7 отсто кај Трајни производи за широка потрошувачка, додека опаѓање од 2,3 проценти е забележано кај Нетрајни производи за широка потрошувачка.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
