-->
-->
Зголемен бројот на Грци кои бараат работа
-->
Невработеноста во Грција во јануари годинава се зголемила за 2,03 проценти на 928.962 лица, во споредба со декември 2016 година, соопшти денеска грчката организација за вработување (ОАЕД). прецизирајќи дека овие бројки се однесуваат на оние луѓе кои бараат работа.
ОАЕД во својот месечен извештај соопшти дека 500.401 лице или 53,87 проценти се регистрирани како невработени повеќе од 12 месеци, додека преостанатите 428.561 или 46,13 проценти се невработени помалку од 12 месеци. Од вкупниот број невработени 61,67 проценти се жени.
Како што јави дописникот на МИА, најгочем дел од невработените или 64 проценти се на возраст од 30 до 54 одни, додека девет од десет регистрирани невработени се грчки граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов