Македонија
15. October 2020 - 19:39

Зголемен број заразени во училиштата

Околу 20 ученици и наставници кои имале настава со училница се позитивни на вирусот, а со тоа расте и бројот на решенија за самоизолација. Бројката на потврдени случаи откако почна учебната година е поголема, но тие настава следеле или предавале онлајн. Поради оваа состојба се згоелмува процентот на ученици кои часовите ги следат онлјан но бројни реакции пристигнуваат во нашата редакција, дека учениците немаат предавања по сите предмети. Министерката Царовска тврди дека проблемот е кај самите училишта а не во платформата.

Во МОН секојдневно добиваат извештаи за реализираната настава од страна на училиштата и во 87 проценти часовите се одржуваат согласно распоредот.

Владата даде согласност на уште 13 основни училишта за одржување настава со физичко присуство. Во меѓувреме прекинат е бојкотот на средношколците од неколку градови  кои бараа да одат на училиште, а ваквата одлука ја донеле поради рекордниот број на новозаболени.