Македонија
7. October 2022 - 16:43

Зголемен број на респираторни инфекции кај децата

Десетина деца се на кислородна поддршка во болницата во Козле поради компликации од респираторни инфекции. Најмалото од нив има само две недели и буквално од родилиште завршило веднаш во болничка соба. Бронхити и пневмонии а многу помалку стомачни вируси е патологијата со која се соочуваат педијатрите во установата каде дневно има повеќе од 100 прегледи.

-Воглавно се опструкции и сега веќе и децата ко исе алергични – на домашна прашина, доаѓаат во тешка состојба и во напад. И да, респираторните инфекции можат да завршат со потреба од кислород, вели др. Луљета Мустафа, педијатар во болницата во Козле.

Овој бум на респираторни вирусни инфекции според лекарите се должи и на заспаниот имунитет во време на пандемијата па децата сега го плаќаат данокот. Најголем број од пациентите во болницата во Козле се од претшколска возраст, но има и поголеми кои имаат хронични заболувања но поради ковидот не оделе често на контроли.

-Исхраната, физичката активност и хигиената тоа е најважно, но и редовни контроли, особено тие со астма и алергии кои не одеа во пандемијата да си ги закажат редовните темини, вели др. Мустафа.

Иако есенскиот период е очекуван за зголемен број на вирусни инфекции, наплив од болни деца бележат и земјите во соседството каде има и сомнежи дали позади ова стои сокриен бран на ковид.