„Зери“: Косово има повеќе гласачи, отколку жители
Право на глас на претстојните избори за членови на косовското Собранмие, според податоците на Централната изборна комисија, имаат 1,9 милиони регистрирани избирачи, иако во Косово официјално живеат само 1,7 милиони жители, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.
Според Митахер Хаскука од опозициското националистичко движење Самоопределување, кога ќе се спореди бројот на жителите и бројот на лицата помлади од 18 години, кои немаат право на глас, Косово не би требало да има повеќе од 1,2 милиони избирачи.
„Зери“ смета дека „пренапумпаниот“ број на избирачи е последица на неажурирање на Избирачкиот список од 1999 година, што во минатото ја отворало можноста за изборни кражби.
Сепак, претседателката на Централната изборна комисија, Ваљдете Дака тврди за „Зери“ дека списокот е ажуриран и оти во бројот на лицата со право на глас се вклучени и оние кои живеат во странство.
Предвремени парламентарни избори на Косово ќе се одржат на 11 јуни. На барање на опозицијата, Собранието на Косово минатата недела и изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа, кој е лидер на Демократскиот сојуз на Косово, а одлучувачки при изјаснувањето беа гласовите на неговиот коалициски партнер, Демократската партија на Косово, на досегашниот претседател на Собранието Кадри Весели.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“